Ердоган на страната на Азербејџан: Нивно право е воено да дејствуваат во сопствената земја

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се осврна на обновениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах и рече дека позицијата на Турција е јасна.

Ердоган во разговор со новинарите застана на страната на Баку и нагласи дека Азербејџан има право да интервенира на нејзина територија.

„Азербејџан природно не сака никакви нелегални вооружени елементи на својата територија. За ова детално разговарав со мојот брат Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан во саботата“, рече Ердоган.

Потоа се осврна на воените дејствија на ерменската страна.

„Поминаа речиси две години од потпишувањето на трилатералниот договор. Важно е Ерменците што поскоро да ги исполнат своите обврски“, рече турскиот претседател.

Исто така, тој уште еднаш го повтори ставот на Турција кога е во прашање позицијата на територијата на Нагорно Карабах.

„Карабах е азербејџанска територија која се наоѓа во меѓународно признатите граници на Азербејџан“, заклучи Ердоган.

Слични содржини