Ердоган: Настаните на Капитол Хил се шокантни

од Берта Китинска

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги опиша како шокантни настаните што се случија неодамна во зградата на Американскиот конгрес.

– Процесот што се случи во Америка, што го нарекуваат „лулка на демократијата“, навистина го шокираше светот. Сакам семејствата на мртвите да имаат трпеливост, а повредените да закрепнат што е можно побрзо – рече Ердоган во Истанбул.

Тој изрази надеж дека трансферот на власта од претседателот Доналд Трамп на новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе продолжи мирно.

Да потсетиме, во средата приврзаниците на сегашниот претседател упаднаа во зградата на Конгресот по митингот на кој Доналд Трамп одржа говор тврдејќи дека се украдени претседателските избори. Пет лица беа убиени во немирите, а зградата на Конгресот претрпе голема материјална штета.

Слични содржини