Ердоган: Нема разлика меѓу она што им го прават Грците на мигрантите и нацистите

од Aleksandar Petrovski

Турција ќе ги остави отворени границите за мигрантите кои се упатиле во Европа, се додека ЕУ не ги исполни барањата на Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Десетици илјади мигранти се обидоа да влезат во Европа преку Грција од 28 февруари, бидејќи Турција реши повеќе да не ги задржува на своја територија, како што беше договорено во Брисел, во замена за помош од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Грција користеше солзавец и водени топови за да ги спречи мигрантите да ја преминуваат границата. Ердоган ги осуди постапките на грчките безбедносни сили по видеото прикажано од границата за време на говорот во парламентот.

„Нема разлика меѓу овие сцени на грчката граница и она што го направија нацистите“, изјави Ердоган.

Слични содржини