Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција

од Aleksandar Petrovski

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ги презела сите мерки против новиот коронавирус.

 

– Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки, наведе Ердоган. Тој додаде дека во Турција се преземени сите превентивни мерки за справување со Ковид-19.

Претходно, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека е потврден заболен од новиот коронавирус е потврден во Турција. Пациентот се вратил од Европа и е во изолација додека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин.

Слични содржини