Ердоган отвори профил на Телеграм: За пет часа, доби повеќе од 100.000 следбеници

од Nikola Popovski

На 12 јануари, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави првиот „пост“ на неговиот канал на Телеграм. Турскиот лидер ги поздрави своите слдебеници со фотографија со мачка.

„Ви благодариме што го следите нашиот канал на Телеграм. Денес отворивме нов канал на друга платформа – БИП “, напиша Ердоган.

Каналот на турскиот лидер веќе ја помина постапката за верификација од страна на администрацијата на платформата и доби повеќе од 50 илјади следбеници во првите 3,5 часа по регистрацијата. До 21 часот, повеќе од сто илјади корисници на Телеграм го следеа Ердоган.

Администрацијата на Ердоган престана да го користи „Ватсап“ на 10 јануари, бидејќи на 4 јануари овој месинџер ги промени условите за користење, со што сега се бара од корисниците да ги пренесуваат своите податоци на системот за рекламирање на Фејсбук, со цел да ги анализираат нивните навики и преференции.

Во Турција, луѓето масовно преминуваат во БИП-месинџер. Според агенцијата Анадолија, оваа платформа привлече повеќе од 1,12 милиони нови корисници за само 24 часа по ажурирањето на политиката за приватност на Вокап.

Покрај тоа, жителите на Турција започнаа протест на Твитер против новиот договор за употреба на хаштагот#DeletingWhatsApp (го бришеме Ватсап).

Слични содржини