Ердоган: Ова во Сирија е војна

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека она што се случува во Сирија Идлиб сега може да се нарече војна.

„Она што се случува во Идлиб може да се опише со зборот војна. Ние веќе ги започнавме нашите операции таму“, рече Ердоган.

Тој додаде дека ќе разговара на телефон со Владимир Путин за ситуацијата во Сирија и дека дејствијата на Турција во Идлиб ќе зависат од резултатите од тој повик.

„Ќе разговарам со Путин денес околу 16 часот. Ќе разговараме за сè што се случува во Идлиб. Резултатите од тој разговор ќе го одредат однесувањето на Турција. Ние нема да ги напуштиме нашите позиции во Сирија додека насилството на сириската влада трае “, рече Ердоган, а пренесува Спутник.

Според него, за време на операциите во Идлиб, кои биле спроведени со поддршка на турските вооружени сили, биле убиени околу 150 сириски војници и уништени 12 тенкови, три оклопни возила и 14 противвоздушни системи.

Слични содржини