Ердоган положи цвеќе на гробот на Алија Изетбеговиќ

од Vladimir Zorba

Стотици граѓани на Сараево, како и туристи кои се најдоа во главниот град на Босна и Херцеговина, со аплауз го поздравија претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на БиХ.

По посетата на гробиштата Ковачи и посетата на новата Административна зграда на Ријасетот на Исламската заедница во БиХ, Ердоган, придружуван од членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, со својата делегација прошета низ сараевската Башчаршија, од Себиjа до Џамијата.

Турскиот претседател беше сопрен од граѓани, со кои кратко разговараше, а потоа ги поздрави присутните пред џамијата Бачаршија, каде што ќе ја изврши петочната молитва.

За време на еднодневната посета на Босна и Херцеговина, претседателот на Турција положи цвеќе и на гробот на првиот претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ.

Фото: Кликс.ба

Слични содржини