Ердоган повторно се кандидираше за претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Според барањето кое до турскиот Врховниот изборен совет го поднесоа претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата за националистичко движење, кои ја сочинуваат Републиканската алијанса, нивен единствен кандидат ќе биде актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Опозицискиот кандидат и лидер на Републиканската народна партија, Кемал Киличдароглу ќе биде противкандидат на Ердоган на изборите.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај.

Слични содржини