176
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека пред сè, неговата земја ќе увезе огромни количини на вакцина против коронавирусот Спутник V од Русија, а потоа ќе започне заедничко производство во Турција.
Како што рече, разговарал за тоа со претседателот на Русија, Владимир Путин, во средата.
– Путин и јас водевме преговори за прашањето за руската вакцина. Ќе ја добиеме во многу сериозни количини. Потоа ќе започнеме заедничко производство во Турција – рече тој.
Да потсетиме, руската вакцина Спутник V е одобрена во 64 земји во светот, кои бројат над 3,2 милијарди луѓе, поради што е втора најпопуларна вакцина во светот.
Според резултатите од анализата, по повеќе од 3,8 милиони вакцинирани, ефикасноста на оваа вакцина е 91,6 проценти.