Ердоган: Путин е мудар лидер, неговиот одговор до Бајден е одличен

од Nikola Popovski

Изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден на сметка на рускиот лидер Владимир Путин е неприфатлива за еден шеф на државата, а одговорот на Путин е одличен, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

„Тоа не е изјава што можете да ја проголтате. Таквата изјава не одговара на шеф на државата. Тој (Путин) е многу мудар и неговиот одговор е одличен, елегантен“, изјавил Ердоган пред новинарите.

Да потсетиме, американскиот претседател во интервју за „АБЦ“ во средата рече дека руското раководство ќе мора да ја „плати цената“ во врска со обидите за мешање во американските избори, кои ѝ се припишуваат на Москва. Покрај тоа, шефот на Белата куќа потврдно одговори на прашањето дали го смета Путин за „убиец“.

Во меѓувреме, Москва го повика својот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, на консултации и преиспитување на односите со Америка.

Реагирајќи на скандалозната изјава на Бајден, рускиот претседател му посака здравје на американскиот лидер.

„Што се однесува до изјавата на мојот американски колега, ние навистина, како што рече, се познаваме лично. Што би му одговорил? Јас би му рекол: Да си жив и здрав! Му посакувам добро здравје “, рече Путин.

Рускиот претседател тогаш го покани својот американски колега на јавна дискусија.

Слични содржини