Ердоган: Русија и Украина го продолжија договорот за житото

од Radmila Tasevska

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинските власти денес објавија дека е продолжен договорот со кој Украина може да извезува жито преку Црното Море.

Украинскиот вицепремиер Олександар Кубраков на Твитер објави дека договорот е продолжен за 120 дена, за што се залагаа земјата, Турција и Обединетите нации, но Ердоган сè уште не ја потврдил временската рамка.

Руската делегација која се состана со високи претставници на Обединетите нации (ОН) во Женева во понеделникот рече дека Москва е подготвена да прифати продолжување на договорот за само 60 дена.

Во јули, ОН и Турција склучија договор меѓу двете завојувани држави, врз основа на кој Украина – еден од најголемите извозници на жито во светот – транспортира жито и вештачко ѓубриво со брод користејќи три нејзини пристаништа на Црното Море.

Москва, пак, е незадоволна од тоа што паралелниот договор за извоз на руска храна и ѓубрива ги нема очекуваните резултати, бидејќи се извезува само дел од руското ѓубриво, а никакво жито.

Слични содржини