Ердоган: Се надевам дека Французите ќе се ослободат од ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ МАКРОН што побрзо

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека се надева оти Франција наскоро ќе се ослободи од претседателот Емануел Макрон, кога тој го опиша како „товар“ на Франција што минува низ опасни времиња.

Односите меѓу Турција и Франција, кои се членки на НАТО, се затегнати во последните месеци поради политичките несогласувања околу Сирија и објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во Франција.

– Макрон е товар на Франција. Макрон и Франција, всушност, минуваат низ многу опасен период. Се надевам дека Франција ќе се ослободи од проблематичниот Макрон што е можно поскоро – им рече Ердоган на новинарите, коментирајќи ги протестите во француските градови.

Анкара и Париз разменија и обвинувања во врска со нивните улоги во конфликтот во Нагорно Карабах.

Франција тврди дека Турција ги разгорела конфликтите меѓу Азербејџан и Ерменија околу регионот, кој е меѓународно признат дел од Азербејџан, но е населен со Ерменци.

Турција, која ги поддржуваше етничките Турци во Азербејџан за време на судирите што траеја неколку недели, го негира тоа.

Слични содржини