Ердоган: Турција е втора во светот по извоз на ТВ серии

од Nikola Popovski

Во 2022 година Турција оствари извоз од 254,2 милијарди долари, што е највисок досега, изјави во Истанбул претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

-И покрај глобалните пречки, Турција во 2022 година го зголеми извозот за 12,9 отсто во однос на претходната година, а вкупниот извоз изнесуваше 254,2 милијарди долари – рече Ердоган на церемонијата одржана во Истанбул на која ги презентираше резултатите во областа на надворешната трговија. на Турција во 2022 година.

Целта, посочи тој, е Турција да биде меѓу 10-те најголеми извозници во светот и додаде дека за 20 години таа се зголемила за седум пати, јавува „Anadolu Agency“.

Турскиот претседател рече дека очекува во првите три квартали од 2023 година да биде забележан раст на извозот од 6,2 отсто.

Ердоган истакна дека земјата е на второ место на глобално ниво по извоз на ТВ серии, при што Турција во таа област е веднаш зад САД.

– Нашата цел е извозот во оваа област оваа година да надмине 1,5 милијарди долари и да достигне 1,5 милијарди гледачи ширум светот – рече Ердоган.

Слични содржини