Ердоган: Турција ги цени напорите за спасување и помошта што доаѓа од целиот свет

од Radmila Tasevska

Турција ја цени помошта што доаѓа од целиот свет и напорите за спасување благодарение на кои од урнатините беа извлечени повеќе од 8.000 преживеани од разорниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во видеообраќањето до учесниците на Светскиот самит на влади во Дубаи, турскиот лидер рече дека повеќе од 81.000 повредени во земјотресите се отпуштени од болниците, јавува Anadolu Agency.

„Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите пријателски и сестрински земји кои деноноќно собираат помош за нашата нација, ги поддржуваат нашите напори за потрага и спасување со своите тимови и не забораваат нас во нивните молитви“, рече Ердоган.

Слични содржини