Ердоган: Турција е нераскинлив дел од Европа, прифатете не во Унијата

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара се смета себеси за нераскинлив дел од Европа.

Обраќајќи им се на членовите на неговата владејачка партија, Ердоган рече дека Европската унија треба да ги исполни своите ветувања за решавање на проблемот со мигрантите и да ја прими Турција во Унијата, објави Ројтерс.

„Секогаш се гледаме себеси како дел од Европа“, рече Ердоган во виртуелниот говор пред членовите на владејачката партија.

Според него, Турција одлучила да ја фаворизира Европа сè додека не ја принудат да гледа на друга страна, пренесе АП.

„Одржете ги вашите ветувања дадени на нашата земја, од полноправно членство до прашањето за бегалците. Да воспоставиме поблиска и поефикасна соработка заедно“, рече Ердоган.

Говорејќи за мерките воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, Ердоган рече дека тие ќе бидат уште поригорозни, доколку не бидат почитувани, објави турскиот портал Хуријет.

Слични содржини