Ердоган: Турција ќе си ги врати 1,4 милијарди долари од САД за авионите „Ф-35“

од Milan1

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази уверување дека Турција и САД ќе постигнат напредок во преговорите за продажба на борбени авиони „Ф-16“ и дека Анкара ќе си ги врати 1,4 милијарди долари што ги плати за авионите „Ф-35“, пренесува турската агенција „Анадолија“.

„На еден или друг начин, ќе ги добиеме овие 1,4 милијарди долари“, им рече Ердоган на новинарите по враќањето од Нигерија.

„Се разбира, за ова ќе разговараме со американскиот претседател Бајден на состанокот на Г20 во Рим“, додаде турскиот претседател.

Анкара нарача повеќе од сто авиони „Ф-35“ од Соединетите држави, но Вашингтон се откажа од таа продажба во 2019 година, откако Турција го набави рускиот одбранбен ракетен систем „С-400“.

Слични содржини