Ердоган тужи холандски политичар поради објавена карикатура на Твитер (фото)

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган покрена тужба против холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, затоа што објавил негова карикатура на својот профил на Твитер, објави Политико.

Адвокатите на Ердоган поднеле кривична пријава против Вилдерс до државниот обвинител во Анкара за навреда на претседателот на државата, што е кривично дело во Турција.

Вилдерс објавил карикатура на својот Твитер профил, на која Ердоган носи капа во форма на бомба, а на логото на неговата Партија на правдата и развојот било напишана пораката „терористи“.

„Постои таканаречен холандски пратеник кој зборува за нас на болен начин. За разлика од него, ние не толерираме расизам и нема место за фашистите во Турција“, рекол Ердоган, коментирајќи ја карикатурата.

Вилдерс, чија крајно десничарска Партија на слободата е најголемата опозициска партија во холандскиот парламент, го нарече Ердоган „губитник“.

„Човекот кој ме нарече фашист, а претходно рече дека сите Холанѓани се фашисти и остатоци од нацизмот, сега поднесе кривична пријава против мене. Светот се сврте наопаку“, вели Вилдерс.

Откако Ердоган ја презеде власта во 2014 година, илјадници луѓе се осудени за „навреда на претседателот“. Минатиот месец, турскиот портал „БирГун“ објавил дека повеќе од 29 000 лица биле обвинети за навреда на претседателот.

Слични содржини