ЕРДОГАН ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОГОВОР: Заедно со Германија ќе произведуваат вакцини?

од Nikola Popovski

Турција разговара со Германија за заедничко производство на нова вакцина против коронавирус, изјави турскиот претседател Ердоган во Истанбул во петокот.

– Во нашите преговори со Германија, тука е и прашањето за заедничко производство на вакцината. ТУБИТАК (Турски совет за научно-технолошко истражување) продолжува да работи на ова прашање – рече Ердоган.

Минатата недела, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека неговата земја и германската компанија „Бионтек“ постигнале договор првичните 550.000 дози на вакцината Фајзер-Бионтек да бидат испратени во земјата најдоцна во почетокот на 2021 година.

Коџа рече дека 4,5 милиони дози од вакцината ќе бидат испратени во Турција до крајот на март 2021 година, според договорот.

Турција може да има пристап до 30 милиони дози како дел од договорот, додаде тој.

Ердоган истакна дека Турција постигнала напредок во набавката на вакцините, додавајќи дека во земјата се доставени околу три милиони дози и дека напорите ќе продолжат.

Слични содржини