ЕРДОГАН ВЕТУВА: Секој што ја изгубил куќата во земјотресот, ќе добие нова

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе се изгради нова куќа што е можно поскоро за секој граѓанин чиј дом беше уништен во вчерашниот разорен земјотрес.

На конгресот на Партијата на правдата и развојот (АКП) во источниот турски град Ван, Ердоган испрати пораки со сочувство до семејствата на загинатите граѓани на Измир и целиот турски народ, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Говорејќи за глобалните настани, турскиот претседател рече дека светот во моментов ја чувствува болката од транзицијата кон нова политичка и економска ера, пренесува агенцијата Анадолија.

– Претходниот век, со војните што резултираа со смрт на стотици милиони луѓе, беше обележан со колонијални активности без никакви морални граници и потрага по демократија и слобода. Гледаме дека во првата сериозна криза, во западните земји веднаш се појавија болести како што се фашизам, расизам и ксенофобија, кои се претставуваат како лулка на демократијата и слободата – оцени Ердоган.

Тој изјави дека „оние кои ги охрабруваат луѓето од различни географски области, за кои сметаат дека се ефтина работна сила, да дојдат во нивните земји, денес ги затвораат своите граници пред бранот бегалци“.

– Многу е болно што патот до европските вредности води преку застапување на најтешките навреди на сметка на симболите на другите религии и општества – рече Ердоган.

Тој оцени дека „подемот на исламофобијата, особено во Франција, е потврда за продолжување на менталитетот што многу пати ја вовлекувало Европа во катастрофа“.

Слични содржини