Ердоган во БиХ: Џамиите мора да бидат наш центар

од Nikola Popovski

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска официјално ја отвори реновираната џамија Башчаршија, која беше обновена од Генералниот директорат на вакафите на Република Турција.

По завршувањето на верската церемонија, Ердоган изјави дека џамијата требало да биде отворена минатата година, но таа била одложена поради пандемијата на коронавирус.

Турскиот претседател додаде дека џамиите се „центри на знаење и култура“.

„И ние треба да ја земеме џамијата како центар за да напредуваме во секоја смисла. Треба да ги носиме нашите деца околу џамиите што е можно повеќе. Нашите жени и ќерки треба да ги посетуваат џамиите што е можно повеќе. Дури и немуслиманите можат да ги посетат нашите џамии слободно “, изјави Ердоган.

Поглаварот на Исламската заедница во БиХ, Хусеин Кавазовиќ, изјави дека е среќен што денеска беше отворена џамијата Башчаршија во присуство на турскиот претседател и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

„Оваа џамија е симбол. Ова се моменти за сеќавање на вакафот што ја изгради“, рече Кавазовиќ.

Тој му се заблагодари на Ердоган што и помогна на Турција во БиХ за обнова на џамиите.

„Џамиите се наше заедничко минато и наша заедничка иднина. Муслиманите во БиХ, заедно со своите соседи, сакаат да изградат мирна и просперитетна држава“, рече Кавазовиќ, додавајќи дека тоа нема да ги спречи „лошите зборови на лошите луѓе што ги слушаме овие денови“

Башчаршиската џамија, односно џамијата Хаваџа Дурак, била изградена во 16 век.

Слични содржини