Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави, коментирајќи го рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот во четири региони во Украина, дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој тоа и го прави“.
Тој додаде дека е вознемирен поради тоа што тие територии ќе бидат припоени кон Русија.
„Тоа може да се случи бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто тоа и го прави. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија“, рече Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.