Ердоган: Време е да се зборува за две држави на Кипар

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека е време да се разговара за реалниот предлог за решение „две држави“ на поделениот остров Кипар, додавајќи дека параметрите на тековните разговори не се одржливи.

Говорејќи на прес-конференција со претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар во Анкара, Ердоган рече дека пристапот на кипарските Грци ги блокирал претходните обиди да се најде решение, објави Ројтерс.

„Мора да се сфати дека според сегашните параметри, никаков резултат не може да се постигне по процес на преговори што трае повеќе од половина век“, рече Ердоган.

„Во оваа фаза, ние веруваме дека започнувањето разговори врз основа на федерација ќе биде губење време. Затоа, веруваме дека решението меѓу двете земји сега мора да биде претставено со реален предлог“, додаде турскиот претседател.

На почетокот на овој месец, Северен Кипар делумно го отвори градот Варош, оградено одморалиште напуштено на ничија земја по турската инвазија во 1974 година, што беше критикувано од САД, Грција и кипарските Грци.

Ердоган, кој рече дека ќе го посети северен Кипар на 15 ноември, рече дека сака да оди на патување во Варош, јави Танјуг.

Слични содржини