Ердоган: Западните земји сакаат повторно да започнат крстоносна војна!

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека западните земји кои го напаѓаат исламот сакаат да ги започнат крстоносните војни.

Обраќајќи им се на пратениците од неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во парламентот, Ердоган рече дека спротивставувањето на нападот врз пророкот Мухамед е прашање на чест за нив, пренесе Ројтерс.

Водечките турски официјални претставници порано ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, наведувајќи дека овој чин е одвратен обид за ширење културен расизам и омраза.

Слични содржини