Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја не сака ескалација на тензиите по инцидентот со соборениот руски воен авион Су-24.

download (3)
Шефот на државата истакна дека Турција дејствувала единствено за да ja заштити сопствената безбедност и “правата на своите браќа” во Сирија. Говорејќи на бизнис форумот во Истанбул, Ердоган изјави дека авионот бил соборен, додека бил во турскиот воздушен простор, но паднал во Сирија, иако делови од машината се распрснале на турска територија и повредиле двајца граѓани.

“Немаме намера да бараме ескалација по овој инцидент. Ќе продолжиме со хуманитарните напори од двете страни на границата со Сирија. Решени сме да ги направиме сите неопходни мерки за да спречиме нов бран имигранти “, објасни уште Ердоган.

Соборувањето на Су-24 во вторникот е еден од најсериозните инциденти меѓу земја – членка на НАТО и Русија. Според рускиот претседател Владимир Путин авионот бил погодил додека бил на 1 км навнатре од границата, но на територијата на Сирија. Шефот на државата предупреди за “сериозни последици”.

Според американски функционер, кој побарал анонимност, Вашингтон смета дека леталото било соборено, додека се наоѓал во сирискиот воздушен простор по кратко навлегување во Турција, објавија “Ројтерс”.

Во писмо до Советот за безбедност на ОН Анкара тврди дека Су-24 е соборен, додека бил на турска територија. Заедно со уште еден авион тој бил барем на 1,6 км внатре во територијата на Турција за околу 17 секунди покрај 10-кратното предупредување да го промени правецот.

Ердоган смета дека инцидентот од 24 ноември покажува какви можат да се последиците од “безгрижни постапки“. Според претседателот рускиот авион не изведувал напади против “Исламска држава”, бидејќи северниот дел на Сирија е населен главно со етнички Турци и таму немало борци на ИСИС.

Слични содржини