Ерјавец: Членството во НАТО има голем потенцијал да ја засили нашата соработка

од desk2

Бев сведок на настаните на самитот 2008-та во Букурешт. Задоволен сум што Македонија која беше парализирана четврт век конечно успеа да излезе од овој лавиринт. Успеавте да го надминете разочарувањето и да најдете заеднички прифатливо решение и да отворите ново поглавје во историјата на вашата земја. На Балканот ова е повеќе исклучок отколку правило.

Истакна меѓу другото министерот за одбрана на Словенија Карл Ерјавец во обраќањето на панел дискусијата во Комисијата за одбрана и безбедност во македонскиот Парламент.

-Оваа држава за само две години напраедуваше многу брзо станувајќи пример за целиот регион. Се заблагодарувам на вашата храброст не само на вашите политички лидери, туку и на целиот народ на Македонија кој на референдумот со огромно мнозинство одлучи да живее евроатлантска иднина, да го тргнете товарот од минатото и да свртите нова страница во историјата на вашата земја. Словенија продолжува да биде голем пријател на Македонија, а членството во НАТО има голем потенцијал да ја засили нашата соработка во различни области, рече министерот Ерјавец изразувајќи задоволство што Амбасадата на Словенија ќе биде последната контакт амбасада за Македонија пред полноправното членство во Алијансата.

Со членството во НАТО, Словенија, која во март месец ќе одбележи 15 годни од приемот, стекна многу, рече тој, стана дел од безбедностаната рамка на најдемократските и развиени земји, ја зајакна позицијата на земјата во меѓународната средина и обезбеди постабилна економска средина.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја нагласи улогата на оваа собраниска комисија, која рече дека, по правило, а не по исклучок носи одлуки со консензус кога се во прашање одлуки поврзани со нашето членство во НАТО, за испраќање мировни мисии во Кабул.

-Нашата политчка волја како Влада ќе беше пуста желба ако немавме Собрание подготвено да создава политика за 21 век. Собранието покажа дека таа политика на 21. век во која создаваш повеќе пријатели отоколку непријатели, решенија наместо нови конфликти, мора да се цени и да почитува. Без поддршката на Собранието Договорот од Преспа немаше да биде оверен, потврден и прикажан како достигнување на РМ, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека ефектите од нашето брзо членство во НАТО ќе се почувствуваат во економијата и во бизнисот, и оти тоа за мали држави значи се или ништо.

Според министерот за надворешни работи Никола Димитров деновиве ги поминуваме последните чекори кон реализација на една амбиција која ја споделуваме сите во Собранието, потврдена со деларациите за членство во НАТО и ЕУ од 1993 и во 2017-та година донесени со консензус.

-Се работи за незавршена работа на нашата генерација, на сите нас. Овој пат беше предолг. Ние бевме заедно со Словенија во Вилнус групата во 2000 – група на солидарност од Балтикот до Балканот, која уште не е членка.Станавме полнолетни во подготовките и конечно созреавме ние, но и нашите соседи и регионот и мислам дека сме пред самиот чин на формулирање на пристапниот протокол меѓу земјите членки, нешто што ќе почне по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Тоа е измена на Вашингтонскиот договор со кој ќе се направи место за 30-та членка, за нас, рече Димитров.

Од членовите на Комисијата покрај едногласната заложба за членство во НАТО и укажувања дека максимално ќе се посветат на претстојните реформски закони во безбедносниот сектор, изразија очекување оти НАТО ќе ја почитува цената која земјата ја чинеше за да стане член на Алијаната со уставните измени.

Слични содржини