Ерменија предложи директор од рускиот “Газпром” за премиер

од Vladimir Zorba

zx450y250_2824293

Владејачката Републиканска партија во Ерменија го номинира за премиер 53-годишниот технократ Карен Карапетјан, поранешен директор на националната гасоводна компанија “АрмРосГазпром”, а подоцна и градоначалник на Ереван. Тоа треба откако вчера премиерот Овик Абрамјан поднесе оставка, пренесува “Ројтерс”.

Откако ја напушти функцијата на градоначалник, Карапетјан се преселил во Москва, каде што е назначен за прв заменик-директор на “Газпромбанк”. Во моментот Карапетян е заменик-извршен директор на единицата “Межрегионгаз” на рускиот гигант “Газпром”.

Аналитичарите новата влада ќе биде привремено и конечниот состав ќе биде определен кон крајоѕ крајот од 2017 година по редовните парламентарни избори и по истекот на вториот мандат на претседателот Серж Саргсјан во 2018 година. Тогаш треба да биде завршен и преминот од полупретседателски кон парламентарен систем на управување.

Оставката на Овик Абрамјан беше дадена по преземањето на управувањето во април 2014 година Во следната година почнаа знаци за рецесија во економијата – растот се намали до 3% од 3,5% во 2014 година иако имаше прогнози за 4,1 отсто. Очекувањата се оваа година бројките да се околу 2,2%.

Во Ерменија живеат 3,2 милиони луѓе, ко силно зависна од инвестиции од Русија односно економската криза таму удри силно врз ерменскиот извоз и значително намалување на средствата кои вработените во Русија Ерменци ги испраќаа дома.

Владата се соочува со други сериозни проблеми – како што е конфликтот во Нагорно Карабах во април.

Два месеци по настанот кога вооружени мажи зазедоа полициска станица во Ереван и зедоа заложници. Кризата која загинаа двајца полицајци, продолжи речиси 2 недели пред киднаперите да се предадат.

Инцидентот предизвика масовни протести на улиците барајќи ослободување на осуден политички опозиционер и за оставка на кабинетот и претседателот.

Малку потоа Саркисјан изјави дека земјата има потреба од радикални политички и социјални реформи. Тој истакна потребата од “влада на национално согласност”.

Слични содржини