Ерменија: Убиени околу 200 азербејџански војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во конфликтите во Нагорно Карабах – околу 200 војници биле убиени, околу 30 единици воена опрема и околу 20 дронови уништени.

Според него, состојбата на теренот е како порано, конфликтите продолжуваат на северот и југот на територијата.

„Борбите сè уште траат, непријателот претрпе големи загуби, убиени се околу 200 војници, уништени се околу 30 оклопни возила и соборени се 20-тина беспилотни летала“, прецизира тој.

Што се однесува до ерменската страна, Ованисјан вели дека билансот сè уште не е прецизен – од околу 100 ранети, неколку десетици се префрлени на лекување во Ереван, додека останатите се сместени во локалните болници.

Претходно, Министерството за одбрана на непризнатата држава Нагорно Карабах објави дека 17 ерменски војници биле убиени и над 100 се ранети за време на конфликтот со силите на Азербејџан, пренесува Спутник.

Објавено е и видео кое ги покажува загубите на азербејџанската армија:

Слични содржини