Ерменскиот премиер: Најмалку 49 лица загинаа при гранатирање на границата

од Stefanija Kuzmanovska

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека 49 лица загинале при гранатирање на границата со Азербејџан, пренесува РИА Новости.

„Нашите загуби се 49 загинати“, рече Пашинјан во своето обраќање во парламентот.

Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација.

Слични содржини