Индонезија издаде предупредување на највисоко ниво по најновата ерупција на вулканот Семеру на островот Јава, објави локалната ТВ Компас.
Во исто време започна и евакуацијата на жителите кои живеат во близина на вулканот во провинцијата Источна Јава, соопшти првиот локален функционер Торикул Хак.
Ерупцијата на вулканот Семеру се случила утрово по локално време, објави Ројтерс.