Ерупција на вулканот на островот Јава, започна евакуацијата на жителите

од Vladimir Zorba

Индонезија издаде предупредување на највисоко ниво по најновата ерупција на вулканот Семеру на островот Јава, објави локалната ТВ Компас.

Во исто време започна и евакуацијата на жителите кои живеат во близина на вулканот во провинцијата Источна Јава, соопшти првиот локален функционер Торикул Хак.

Ерупцијата на вулканот Семеру се случила утрово по локално време, објави Ројтерс.

Слични содржини