Есенски ручек: Потпечен прокељ со сланина

од desk2

Потребни состојки:
500 грама прокељ
200 грама сланина
1 помал праз
2-3 чешниња лук
100 грама пченка
3 шери домати
1 јајце
200 милилитри неутрална павлака
суви билни зачини
Начин на подготовка:
Исечете ги краевите на прокељот и тргнете ги листовите. Варете ги во посолена вода 5 минути. Потоа, веднаш исцедете ги.

Пропржете ја сланината на малку масло. Додајте го исечканиот праз и пропржете ги заедно, а потоа ставете ги и исечканиот лук и пченката. Испржете го сето тоа заедно. На крај, додајте го приготвениот прокељ, измешајте и префрлете ги состојките во подмачкан плех. Исечете го шери доматот на половинки и наредете ги во плехот.

Во друг сад измешајте ги јајцето, неутралната павлака и сувите билни зачини. Прелијте ја смесата врз јадењето во плехот. Печете на 200 степени Целзиусови 25-30 минути.

Совет: Ако сланината пушти многу маснотии, пред да го додадете празот, исцедете го вишокот.

Слични содржини