Ешли Греам го пробала сопственото млеко

од Stefanija Kuzmanovska

Најпознатата „плус сајз“ манекенка Ешли Греам и нејзиниот сопруг Џастин Ервин во јануари годинава добија син по име Ајзак.

Манекенката беше искрена дури и за време на бременоста и зборуваше за мајчинството, семејството, па дури и по породувањето, таа продолжи да споделува со публиката сè што е поврзано со бебето.

Бидејќи е нејзино прво дете, со задоволство ги сподели сите свои сомнежи и проблеми со своите фанови. Во емисијата на Елен Деџенерис таа откри дека пробала сопствено млеко. Со оваа изјава ги заинтригираше публиката и водителката и сите беа заинтересирани каков е вкусот на мајчиното млеко.

„Да, го пробав. Само малку, и можам да ти кажам дека има добар вкус“, рече моделот. На споменувањето на нејзиниот син, таа омекна и истакна дека малото момче е мирно, како и дека ужива во секој момент поминат со него.

„Многу пати сум заспала доејќи го синот“, се пошегува мајката и додаде дека бебето ужива во доењето.

Мама Ешли често ги споделува своите искуства за мајчинството и истакнува колку е задоволна и исполнета во таа улога.

Препораки на СЗО

Според препораките на Светската здравствена организација, мајчиното млеко е најдобра и најквалитетна храна за бебиња. СЗО посочува дека мајките треба да ги дојат своите бебиња што е можно повеќе во првите шест месеци, бидејќи тоа е многу корисно за имунитетот и развојот на детето.

Сепак, овој пијалок не е наменет само за бебиња, туку стана многу популарен и кај возрасните кои сакаат да имаат извајани мускули. Имено, спортистите често купуваат мајчино млеко од мајки, а во некои западни земји овој вид трговија прерасна во бизнис.

Една од поинтересните работи во врска со мајчиното млеко е тоа што е многу убаво, всушност сите што го пробале биле изненадени од неговата густина и пријатен вкус.

Слични содржини