Ескалација на насилството во Појасот Газа, но се очекува прекин на огнот

од Stefanija Kuzmanovska

Ескалацијата на насилството во Појасот Газа, каде од петокот беа убиени 31 Палестинец, меѓу кои шест деца, продолжи денеска без знаци на одмор во конфликтот меѓу Исламскиот џихад и Израел, најлош од минатогодишната војна во мај.

Израелските медиуми, пак, по првичните навестувања за можен прекин на огнот, попладнево објавија дека египетските посредници наскоро ќе објават дека прекинот на огнот ќе започне во 20 часот по локално време.

Ниту Израел ниту Исламскиот џихад јавно не кажаа дека се согласуваат со тоа.

Единственото нешто што беше објавено е дека Израел наводно го прифаќа египетскиот предлог и дека Палестинците допрва треба да одговорат.

Подоцна „Франс прес“, повикувајќи се на извор од безбедносните сили, објави дека еврејската држава го прифатила примирјето понудено од Египет.

Слични содржини