Ескалираат судирите на студентите и полицијата во Турција: Едроган сака силна младина, но не ЛГБТ

Во Истанбул дојде до судир помеѓу студентите и полицијата, откако студентите протестираа против назначувањето на нов ректор на Универзитетот, барајќи да се ослободат ЛГБТ активистите, пренесува РТ.

Во текот на жестокиот судир, снимките покажуваат на турканици на Универзитетот „Богазиџи“ во Истанбул.

На снимките се прикажани и апсења на неколку студенти, но и удар на полицаец кон еден од толпата.

Демонстрациите на престижниот истражувачки универзитет започнаа пред речиси еден месец, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи за ректор Мелих Булу, научник и политичар кој ја поддржува Партијата за правда и развој (АКП) на Ердоган.

Толпата студенти со дел од професорите побараа од Владата да им дозволи сама да одберат свој ректор.

Студентите демонстранти, на кои им се придружија и некои професори, велат дека назначувањето било недемократско и ја повикаа владата да им дозволи да назначат свој ректор.

Ситуацијата стана понестабилна откако демонстрантите обесија уметничко дело во близина на новата ректорска канцеларија што ја прикажува Каба во Мека и слики од знамето на ЛГБТ.

Оттаму, вчера Ердоган се огласи, и посочи дека ќе ги носи младите кон иднината, но не како ЛГБТ младина, туку младина која постоела уште во славната Турција и нејзиното минато.

Слични содржини