ЕСКАЛИРАШЕ СПОРОТ: Русија нема да се извини на Израел

од Stefanija Kuzmanovska

Руското МНР не се извини за изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за „Хитлер кој имал еврејска крв“, но соопшти дека продолжиле со дипломатскиот напад врз Израел.

„Го свртевме вниманието на неисториските изјави на израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, кој во голема мера го објаснува фактот дека актуелната израелска влада продолжува да го поддржува неонацистичкиот режим во Киев“, објави руското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Тие објавија и подолг есеј во кој се тврди дека, според руската страна, се докажува украинскиот антисемитизам и лекција од историјата дека, велат Русите, има докази за соработка меѓу Евреите и нацистите пред холокаустот.

Што рече Лавров, а што израелскиот министер за надворешни работи?

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следеше жестока реакција на Израел. Шефот на дипломатијата на земјата изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел. Израел побара извинување од Русија.

Слични содржини