Ескобар: Има причини за оптимизам во дијалогот меѓу Белград и Приштина

од Radmila Tasevska

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека видел позитивни реакции и во Белград и во Приштина за актуелниот план за решавање на косовското прашање и се надева дека ќе се постигне договор.

„Сè уште сме на самиот почеток. Но, гледам одредени позитивни реакции од двата главни града. Реалноста е дека во сегашната криза не е добра идеја Европа да одржува замрзнат конфликт во нејзините граници. Она што го правиме е да го искористиме овој предлог како платформа за изнаоѓање решенија кои би функционирале за двете земји. А тоа се решенија кои ја отвораат евроатлантската рута, ги штитат малцинските заедници и навистина отвораат можности за економска поврзаност. И затоа мислам дека има причина за оптимизам“, изјави Ескобар за ХРТ.

Зборувајќи за реакциите на Приштина за предложениот договор со Белград, Ескобар рече дека политичарите на т.н. Косово има одредена загриженост, но тој изрази надеж дека ќе се постигне договор.

Слични содржини