Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денес во Охрид изјави дека очекува финализирање на анексот за имплементација на Договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
„Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот“, изјави Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој посочи дека двете страни не можат да изберат што да спроведат, а што не од овој договор.