Ескобар со Кривокапиќ: Црна Гора е пријател, партнер и сојузник на САД

од Nikola Popovski

Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека Црна Гора е пријател, партнер и сојузник на САД, пренесува Гласот на Америка.

„Среќни сме што целосно ги споделуваме вредностите и визијата на Црна Гора како модерна европска држава“, изјави Ескобар по средбата со шефот на црногорската дипломатија Ранко Кривокапиќ во Блед.

Во соопштението на Владата на Црна Гора, се наведува дека Кривокапиќ рекол дека „секогаш е задоволство да се среќаваме со стари, докажани и доверливи пријатели со кои повеќе од две децении работиме на воспоставување демократски процеси на Балканот“.

Министерот за надворешни работи на Црна Гора рече дека Црна Гора и САД „заедно ќе продолжат со успешна алијанса што ќе обезбеди мир, стабилност и брзо членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ“.

Ескобар и Кривокапиќ учествуваат на Бледскиот стратешки форум, на кој годинава се собраа 160 панелисти од високата политика, тинк тенковите, слободните медиуми и граѓанскиот сектор.

Слични содржини