Ескобар: Во БиХ нема да има војна, односот со Србија е комплициран

од Nikola Popovski

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека во Босна и Херцеговина нема да има војна и дека треба да се разговара за економскиот напредок.

Во пресрет на неговото пристигнување во БиХ, Ескобар рече дека се водат разговори со многумина во БиХ за да се види како понатаму.

Тој, исто така, посочи дека санкциите во БиХ можат да бидат насочени само против поединци.

Ескобар рече дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ја има поддршката од САД се додека продолжува да го следи европскиот пат.

За односот со Србија вели дека е „ниту добар, ниту лош, туку комплициран“, пренесе Танјуг.

Слични содржини