ЕСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните?

од Nikola Popovski

АД ЕСМ реагираа на соопштението на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ. Според нив, партијата се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум целата електрична енергија која му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75%, додека остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и да заработи повеќе.

„Дали ВМРО ДПМНЕ се свесни дека тоа значи дека универзалниот снабдувач ќе мора остатокот од 25% да го докупи токму на слободниот пазар за многу повисоки цени? И дека тоа ќе значи драстично зголемување на цената на струјата? Дали ВМРО ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните? Очигледно е дека опозициската партија се занимава само со дневна политика и безидејни неконзистентни изјави од кои никој во државата нема корист. Уште еднаш напоменуваме дека цената на АД ЕСМ е пониска за 55% од цената на струјата на слободниот пазар. Потенцираме и дека компанијата ги презема сите мерки за оптимизирање на производството и на трошоците, а во исто време спроведува инвестиции во обновливи извори од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира, стои во реакцијата на АД Електрани на Северна Македонија

Слични содржини