ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија

од Nikola Popovski

АД ЕСМ на 15.01.2023 година произведе 19.254 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, соопштија утрово од Владата.

Во Термоелектраните произведени се 13.763 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.491 MWh.

-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 MWh ноќни вишоци електрична енергија. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 15.01.2023 година, порачаа од „Илинденска бр.2“.

Слични содржини