ЕСМ понуди пониска цена за електрична енергија од лани

од Берта Китинска

На тендерот за набавка на електрична енергија за следните шест месеци што го распиша Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од  36,1 евро за мегават час.

-На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците, ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна  понуда од АД ЕСМ со цена од 36,1 евро за мегават час, информираат од ЕВН Македонија.

На тендерот биле пријавени две фирми.

Слични содржини