Есмеров: Мицкоски e неформален министер за опозиција во владата на СДСМ

од Nikola Popovski

Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Есмеров изјави дека оставката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски после четири изборни поради по ред е неминовна.

„Таа е неминовна да се случи. Најверојатно според последниве негови изјави веќе станува збор дека не се работи дури ни за намален демократски капацитет тој е евидентен. Се работи сега за ситуација во којашто на некој начин ВМРО-ДПМНЕ учествува во Владата со едно министерство, односно Министерството за опозиција“, смета Есмеров.

Тој вели дека Христијан Мицкоски може слободно да го нарече неформален министер за опозиција во владата на СДСМ.

„Има поголем буџет од Министерството за локална самоуправа, има сопствен шофер, 100-тина вработени. Јас не гледам причина некој што од лукративни причини е влезен во политика после 4 дебакла да не поднесе оставка освен како причина да се наведе неговото уживање во оваа функција, иако не е избран од граѓаните“ вели Есмеров.

Слични содржини