Есмеров: Орбан победи затоа што кризата во Унгарија не удри по џебот на граѓаните

од Nikola Popovski

Фидес однесе неочекувана, особено дека е двотретинска. Моите претпоставки беа дека Орбан ќе победи лесно, но не на таков начин. Подобар пристап имаа во економијата, социјала, образовни реформи, за разлика од опозицијата која сега се обедини. Нивната понуда беше демократија, права на ЛГБТ заедницата, човекови права, а помалку за конкретна понуда за граѓаните. Мислам дека тука е основата во победата, вели поранешниот амбасадор во Унгарија, Игор Есмеров во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, војната во Украина и одбивањето на Орбан да заземе страна не е националистички став.

-За мене тоа е став за поголема грижа на граѓаните и социјално-загрозените семејства. Русија изјави дека секој конвој на оружје за Украина ќе биде легитимна цел на напад и Орбан одби да испрати војска и оружје, со тоа Унгарците се чувствуваа побезбедно и гласаа. Во ситуацијава мора да се каже дека во Унгарија не е покачена струјата и гасот, незначително се покачени цените во маркетите. Кризата и пристапот на владеачката Фидес не удри по џебот на граѓаните и тоа обичниот граѓанин очигледно го цени. Секој човек повеќе го цени сопствениот комфортмизам. Со ова е јасно дека пристапот на Орбан подобро одзвучи во главите на Унгарците. Орбан веќе се покажа во три мандати и остави доверба меѓу обичниот граѓанин, смета Есмеров.

Слични содржини