Есмеров: Власта и опозицијата треба да седнат на иста маса и да ги повлечат црвените линии за бугарскиот спор

од Nikola Popovski

„Владата прави се што е во нејзина моќ, за да го реши ова прашање, како што го реши со Грција“, вели поранешниот амбасадор, Игор Есмеров за емисијата „Еуро фокус“.

Тој смета дека власта и опозицијата треба да седнат на заедничка маса и да ги повлечат црвените линии и врз тоа да ги градат односите, исто како што ги градат и се сложни власта и опозицијата во Бугарија.

На прашањето зошто граѓаните не веруваат дека во брзо време ќе се реши спорот со Бугарија, Есмеров вели дека поминаа 4 години од владеење на актуелната власта и дека резултатите се минимални.

„Луѓето очекуваа брзи промени бидејќи на тоа се одеше во предизборна кампања. Очекувањата беа големи, затоа што ветувањата беа големи“, изјави Есмеров.

Слични содржини