Еспер: Американските трупи само поминуваат низ територијата на Ирак

од desk3

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер на денешната средна со ирачкиот премиер Адел Абдул Махди изјави дека американските трупи само влегуваат и излегуваат од Ирак со дозвола од Багдад.

– Американските сили кои се повлекуваат од Сирија, во Ирак влегуваат и излегуваат со дозвола од ирачката Влада, а медиумските извештаи дека тие ќе останат во Ирак не се точни, истакна Еспер.
Ирачкиот министер за одбрана Наџах ал Шамари по средбата со Еспер изјави дека американските сили во рок од неколку недели ќе се повлечат од Сирија преку Ирак.

Еспер денеска пристигна во ненајавена посета на Багдад откако ирачкото Министерство за одбрана соопшти дека американските војници немаат дозвола да останат во Ирак.

Слични содржини