Еспер најавува можност дел од американските сили да останат во Сирија

од desk2

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека се разгледува опцијата мал дел од преостанатите американски војници да останат во североисточна Сирија со цел да ги заштитат нафтените полиња и да ја продолжат борбата против терористичката Исламска држава.

 

Еспер рече дека таква одлука не е донесена, ниту таквата опција му била презентирана на американскиот претседател Доналд Трамп.

На прес конференција во Кабул, Еспер рече дека одделни американски единици се уште не почнале со повлекување од североисточна Сирија и дека тие трупи работат со сириските Курди на обезбедување на нафтените полиња, со цел тие да не паднат во рацете на ИД.

Американскиот министер за одбрана рече и дека САД од воздух го надгледуваат „најдобро што можат“ договореното примирје. Тој повтори дека американските сили кои ја напуштаат Сирија се префрлаат во западен Ирак и не исклучи можност да таму да изведуваат антитерористички операции на сириска територија.

Слични содржини