Еспер тврди дека САД не се повлекуваат од Ирак туку дека се престројуваат

од Vladimir Zorba

САД немаат донесено одлука за повлекување на трупите од Ирак, изјави американскиот секретар за одбрана Марк Еспер. Изјавата беше дадена по брифингот претходно на командантот на генералштабот, генерал Марк Мили, дека писмото што с епојави во јавност за повлекување е лошо преведен нацрт документ чија цел била само да се подвлече поединечно движење на силите.

Еспер рече дека САД не се повлекуваат од Ирак и не знаат ништо за писмото во кое се наведува до ирачките власти за заминување на американските трупи од Ирак.

Тој, сепак, рече дека ќе има извесно престројување на американските сили, но и дека САД останале посветени на мисијата за пораз на ИД во Ирак и во целиот регион.

Американски меддиуми јавија дека американската војска со писмо ги известила ирачките власти дека ќе се повлече од земјата во следните неколку дена и недели и ќе ги прераспореди своите сили.

Нејасно е дали сите трупи, со околу 50.000 војници во Ирак, би ја напуштиле земјата.

Во писмото објавено од медиумите се вели: – Почитувани, почитувајќи го суверенитетот на Република Ирак и по барање на ирачкиот Парламент и премиерот, коалиционите сили ќе ги прераспоредат силите во следните денови и недели за да се подготват за понатамошно движење. Писмото е потпишано од командантот на американските поморски сили генерал Вилијам Х. СилиI, командант на коалициските сили во Ирак.

Автентичноста на писмото, што беше испратено до ирачкото Министерство за одбрана, беше потврдено и од ирачки воени извори.

Слични содржини