81
Министерството за надворешни работи на Естонија денеска соопшти дека донело одлука да протера руски дипломат кој работи во амбасадата во Москва во Талин, бидејќи ја оправдувал војната во Украина.
Дипломатот „ширел пропаганда која ја оправдува руската воена акција и предизвикува поделби во естонското општество“, се вели во соопштението.
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека ќе одговори на протерувањето, без да даде дополнителни детали.
„Како што претходно изјави руската страна, Русија ќе даде соодветен одговор“, соопштиле од министерството за новинската агенција РИА Новости.