Естонија ја повика ЕУ да усвои нов пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на Естонија ѝ предложи на Европската унија да усвои нов пакет антируски санкции, во кој една од главните точки ќе биде намалувањето на приходите преку снабдување со енергенти.

„Ние се залагаме за ревизија на горната цена на суровата нафта и нејзино значително намалување. Секој цент, секој долар намалување води до значителен пад на приходот за Русија, во милијарди во текот на годините“, рече министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, објави Интерфакс.

ЕУ, исто така, треба да преземе чекори за да ја намали способноста на Русија да ја испорачува својата сурова нафта по морски пат, рече тој.

Слични содржини